Тркало за вежбање АБ ролер
Вежбањето е многу поважно за сите нас отколку што мислиме! Не е во прашање само совршена линија, добро е и за здравјето. Со помош на АБ ролерот, можете да ја тестирате Вашата способност за одржување на витка линија и кондиција. Може да се користи на повеќе начини и ефикасен е за обликување на мускулите од целото тело, а особено на стомачните мускули. Изведување на Ab Rollouta вежбата во стоечка положба, на пример е навистина голем предизвик. Во продолжение ќе Ви претставиме неколку начини како да го користите АБ тркалото.
Полесна верзија е онаа кога сте клекнати на колена. Со тркалото во раце, полека спуштајте се надолу. Не правете нагли потези и не се форсирајте, секогаш постои ризик од воспаление на мускулите доколку претходно не сте биле доволно активни. Малку по малку, истегнете го целото тело надолу во лежечка положба, на стомак.
Одкако ќе го надминете ова, можете да ја правите вежбата и од стоечка положба. Не на колена, туку застанете на прсти и наведнете се. Поставете го АБ тркалото на земја или на подлога за вежбање и истегнувајте се до крај, додека повторно не ја постигнете истата лежечка положба.
Следно ниво се истите вежби, меѓутоа со помагала. Прстените за вежбање ќе Ви бидат од големо значење, поставување ластик на колената итн. Голем е бројот на вежби што можат да се направат со ова тркало, можете дури и да измислите свои или да импровизирате. Резултатот секако ќе биде беспрекорен!
Критики
Нема критики сеуште.