Дигитален апарат за мерење на крвен притисок
Редовното мерење на крвен притисок е исклучително важно за одржување на здравјето на срцето и крвните садови. Тој е еден од најважните показатели за нивното здравје, а знаеме дека премногу висок или низок притисок може да доведе до сериозни здравствени проблеми.
Премногу висок крвен притисок (хипертензија) може да доведе до секакви болести на срцето, мозочен удар, заболување на бубрезите и др.
Премногу низок крвен притисок (хипотензија) може да доведе до вртоглавица, несвест, замор и др.
Честото мерење на притисокот не е претерување, тоа е многу важен фактор за одржување на здравјето, како и за спречување на различни здравствени проблеми и заболувања.
Да ли сакате да имате прецизен апарат кој брзо и лесно ќе Ви го измери притисокот, а да е препорачан од доктори? Доколку одговорот е „да„ тогаш овој производ е вистинско нешто за Вас и целото семејство.
Постојат неколку познати брендови на апарати за мерење крвен притисок кои се присутни на пазарот, а еден од оние кои стручните лица најмногу го препорачуваат е токму овој кој Ви го нудиме ние!
Лесен за употреба, тивок, интересен дизајн…
Со овој апарат можете да го одржувате Вашето здравје на повеќе начини. Тој освен крвен притисок, мери и пулс.
Апаратот работи на 4ААА батерии и е исклучително лесен, тежи само 220г. Има преубав и многу практичен дизајн, голем екран и димензии од 115 х 96 х 59 цм. Голема предност е што се гаси сам ако не е активен 1 минута. Тоа го прави да биде економичен и сигурен за употреба. Освен што е голем, екранот е и осветлен, а бројките се големи и јасно читливи. Идеално за постари лица! Овој апарат за крвен притисок е неверојатно лесен за употреба, резултатите ги дава за само неколку секунди и памти до 99 резултати така да можете да ги споредувате!
Во само неколку чекори, крвниот притисок можете да го измерите и самите, дома!
- Подготовка: Седнете на удобно столче со наслон, испавете го грбот и опуштете се најмалку 5 минути пред мерењето. Опуштањето ќе Ви помогне резултатот да биде што поточен.
- Земете ја лентата и поставете ја на горниот дел од раката, над лактот. Лентата треба цврсто да го опфати тој дел. На неа е означено како точно треба да се постави во однос на артеријата.
- Вклучете го апаратот за крвен притисок и поврзете го со лентата според упатството што се наоѓа во пакувањето.
- Мерење: Притиснете го копчето за мерење за да започнете. Лентата ќе се надува и постепено ќе се опушта додека го измери Вашиот притисок. На екранот ќе се прикажат две цифри и тоа горниот притисок (систолички) и долниот притисок (дијастолички).
- Забележување: Притиснете го копчето за да го сочувате резултатот.
- Чистење и одржување: После употреба, исчистете го апаратот со крпа, како што е и објаснето во упатството.
Забелешка: Внимателно читајте го упатството за да бидете сигурни дека апаратот е во најдобар ред. Доколку имате нејасни прашања во врска со резултатите, советувајте се со лекар или стручно медицинско лице!
Критики
Нема критики сеуште.