Сецко за помфрит
Доколку сакате да направите совршен помфрит во домашни услови, Ви го претставуваме Вашиот нов партнер во кујната- специјализиран сецко за помфрит. Повеќенаменска машина која можете да ја користите не само за компири, туку и за други намирници со кои подоцна ќе зготвите многу вкусни и здрави јадења. Алатката е стабилна, пренослива и безбедна за употреба. Лесно се користи, исто така е лесна за одржување.
Без разлика да ли сте љубители на домашна храна или повеќе сакате странски традиционални јадења, со овој сецко за помфрит сте на само еден чекор од тоа да ги вкусите најдобрите компирчиња некогаш зготвени. За домашните, или ако очекувате гости, оваа алатка дефинитивно ќе Ви го олесни процесот на готвење.
Во комплет со сецкото за помфрит добивате две сечила. Едното со 36, другото со 64 дупчиња. Самите изберете на кој начин сакате да сечкате. Алатката е изработена од 100% челик кој не ‘рѓосува.
Израдувајте се самите себе со вкусен и здрав оброк.
Во продолжение, предлог рецепт од нас:
Потребни состојки:
- 1 кг компири
- 1 блага пиперка смелена или ситно исечкана
- 1 лута пиперка смелена или ситно исечкана
- 1 филџан изрендан пармезан
- 1 јајце
- 1 мал квасец
- 200 г нишесте
- Сол
- Масло за јадење
Начин на подготовка:
Излупете ги компирите, исечкајте ги со нашата алатка за помфрит и оставете ги да стојат во ладна вода. Во друг сад за готвење ставете го јајцето, еден филџан масло за јадење, сол, може и друг зачин по Ваш избор, само да е во мелена состојба. Растворете го квасецот со малку вода, па и него ставете го во садот. Изматете убаво со лажица, додека не се соединат сите состојки. Откако убаво ќе ги процедите компирите, додадете ги во истиот сад.
Во друг сад ставете 200 г нишесте и лутата и блага пиперка. Кога ќе ги додате и компирите потопени во претходно подготвената смеса, убаво измешајте. Ако ги сакате пржени, додадете го сето ова во умерено загреано масло и пржете додека не добијат златна боја. Ако сакате да ги печете, наредете ги во тава и посипете ги со пармезан. Треба да се печат на 220 степени, рерната нека биде претходно загреана. Печете додека не поруменат.
Уживајте!
Критики
Нема критики сеуште.