Green mask маска за лице од зелен чај
Потполно природна маска- стик на база на зелен чај. Помага во отстранување на дамките од лицето, се бори против акните и ја одржува вашата кожа нежна и мазна. Одлична детоксикација за вашето лице, ја извлекува нечистотијата од запушените пори и го прави вашиот тен совршен!
Маската содржи екстрат од зелен чај, кој на ефикасен начин ја чисти кожата од акни и митисери и го спречува нејзиното стареење. Прилагодена за секаков тип на кожа.
- Едноставна е за употреба бидејќи е во облик на стик. Само нанесете пред спиење. Доволно е да стои 10 минути и потоа отстранете ја.
- Хидратантна е, содржи формула која ја задржува влагата и ја обновува површината на вашата кожа. Состојките како што е зелен чај се природен лек за вишокот масти, нечистотијата и акните.
- Оваа чудесна маска ќе го направи вашето лице неверојатно меко и нежно!
Се препорачува да се користи:
За масна кожа: 2-3 пати неделно
За сува кожа: 1-2 пати неделно
За комбинирана кожа: 2-3 пати неделно за Т зоната и 1-2 неделно за U зоната
Начин на употреба:
- Нанесете ја маската на чисто и суво лице
- Оставете нека стои 8-10 минути
- Откако ќе се исуши, отстранете ја маската со вода
Предупредување:
Маската е само за надворешна употреба. Избегнувајте да ја нанесувате блиску до очите. Ако забележите иритација на вашата кожа, престанете со употреба. Да се држи подалеку од деца.
Мира –
Ви пишав и во порака, еве и тука. 🙂 Лицето никогаш не ми било вака нежно и чисто. 1000 пати благодарам
Драгана –
Вчера нарачав по не знам кој пат 🙂 Само би сакала да има поголемо пакување, немам друга замерка