Ротирачки држач за мобилен телефон во автомобил
На пазарот постои огромен број на држачи за мобилен телефон, ама ретко кој е потполно функционален. Често се јавува проблем со начинот на инсталација, со видливоста, издржливоста и сл. Затоа со гордост Ви го претставуваме нашиот држач за мобилен телефон, кој е дизајниран да ги преброди сите овие препреки! Со години наназад, ова е најпродаваниот производ во САД кога се телефоните во прашање.
Ротира 360° и идеален е за сите оние возачи кои од некоја причина се приморани да го користат телефонот додека возат. За навигација, важен разговор и др. Се поставува на ретровизорот и одговара за сите марки на мобилни телефони. Можете да го поставите во било која позиција, според тоа како на Вас Ви одговара. Сигурен е и стабилен, не мора да се грижите дека телефонот ќе Ви падне на кривина или при побрзо возење.
Премиум материјал: Држачот за мобилен телефон е изработен од висококвалитетен ABS материјал, без деформации, цврст и издржлив. Врвен квалитет! ЕКО производ.
Лесно ракување: Лесно прилагодлив држач, едноставен за употреба. Додека со едната рака возите, со другата можете да го поместувате држачот хоризонтално или вертикално, онака како што на Вас Ви одговара.
Ротација 360°: Држачот можете да го ротирате под било кој агол се додека не добиете најдобра видливост. Должината е од 0-5 цм и нема да Ви го попречува видикот додека возите.
Цврст и стабилен: Дизајнот на држачот е со 4 „канџи„ на левата и на десната страна. Цврсто го држи секој агол од Вашиот телефон и го спречува да падне. Добро избалансиран, останува стабилен без разлика на тоа да ли се наоѓате на автопат или на стрмен планински пат!
Едноставен дизајн кој ќе Ви донесе едно поинакво искуство при возењето
Пред самото користење на овој уред, важно е да се запознаете со законите и прописите на возење во државата во која што се наоѓате. Треба да бидете сигурни дека не ги кршите правилата.
Овој држач за мобилен телефон Ви овозможува истиот секогаш да Ви биде при рака, но не и во рака. Употребата е лесна и сигурна, безбедно можете да си вклучите навигација или да си пуштите музика. Држачот исто така е лесно склоплив. Одговара за сите мобилни телефони, независно од марката, исто важи и за автомобилите.
На прв поглед можеби не изгледа така, но многу е важно да имате сигурен и безбеден држач за мобилен телефон во автомобилот, за да можете да се сконцентрирате на возењето.
Карактеристики:
- Димензии: 15 x 9.7 x 8.5 цм
- Тежина: 200 г
- Материјал: Легура на висококвалитетна ABS пластика
- ЕКО производ
- Лесен за употреба и поставување, практичен
- Ротира 360°
- За сите марки на мобилни телефони, за секој автомобил
Критики
Нема критики сеуште.